Формирана комисија за проценка на штетите од јунското невреме во прилепско

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешната редовна седница на Советот на Општина Прилеп, советниците донесоа одлука за формирање на стручна комисија за проценка на штети во земјоделието  од невремето што се случи на 27 јуни 2025 година во прилепско.

Општинската комисијата ќе треба да ги процени штетите направени во населените места: с. Кадино Село, с. Мало Коњари, с. Големо Коњари, с. Галичани и с. Алинци. По проценката ќе биде утврдени и висината на средствата кои ќе ги додели општината на земјоделци кои пријавиле штета од природната непогода врз земјоделските култури.

Општина Прилеп пред два дена ги повикува жителите од селата кои претрпеа штети од невремето да ги пријават штетите. Комисијата по доставените барања ќе излезе на терен за да ја утврди висината на штетата, ќе изготви Извештај и Елаборат за вкупните и поединечните штети, кои Извештаи со одлука на Советот на Општина Прилеп се доставуваат до комисија која што ја формира Владата за понатамошна постапка.

Инаку, на 27 јуни 2025 година , повеќе од 1 час траеше невремето кое доцна попладне го зафати прилепскиот регион. По високата дневна температура предходните денови, околу 17 часот следуваше продор на силен ветер кој што донесе пороен дожд и град. Нестабилноста пропратена со силни грмотевици и електрични празнења траеше повеќе од 1 час. Имаше и прекини на електричната енергија во некои од населените места и униште дел од земјоделскиот род во населените места во Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: