Фолк фестивалот “Прилеп фест“ со звучни музички имиња ќе се одржи на 1 ви ноември по деветти пат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се’ е подготвено, за убавата македонска песна, за стартот на новото издание на фолк-фестивалот „Прилеп – фест“.  Фестивалот ќе се одржи на 1 ноември  ја звуците на  македонска народна музика подготвени за „Прилеп фест“. Љубителите на фолк музиката ќе имаат можност да уживаат во деветтото издание на реномираниот фестивал „Прилеп Фест 2024“, во Домот на културата „Марко Цепенков“ кој традиционално нуди нови македонски звуци, кои најчесто прераснуваат во хитови.

Фестивалот и годинава понудува  многу познати  имиња од македонската фолк сцена. На фестивалот ќе настапат: Стефан , Наум и Зуица, Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски, Адријана Ацевска, Ташко Карафиловски, Лилија Семкова, Бојан Палиќ, Сања Барбика, Суад Усеин Цуле, Вукица Челебиева, Мики Тра ла ла, Жаклина Маркоски и Група Фортуна.

Освен што ќе донесе добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува на својата основна цел да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката.

Организаторите ветуваат вечер исполнета со нови композиции, одлична музика и неповторлива атмосфера.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп подготвува стратешки план за урбана мобилност односно за создавање модерен, функционален и одржлив сообрајќаен систем

Во Општина Прилеп денеска се одржа јавна презентација и стручна консултација во врска со проектната активност која што се работи заедно со Министерството за транспорт и врски за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Светска банка. Целта на проектот е...

Викендов во Прилеп ќе се оджи 5-тиот по ред меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”

Викендов,  од 28 февруари 2026 до 01.март 2026 во организација на ПК „Младост 96„ -Прилеп, по петти пат ќе се одржи Меѓународен меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”. Натпреварите ќе се играат во салата на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп , а пинпонгарите ќе настапат во неколку категории: млади категории...

Двајца прилепачни приведени – возеле без возачка

Прилепчани возеле без возачка и биле приведени од полицијата. На 26.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Дојранска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Р., при што...