Физички пресметки во дом, на работно место, во кафеана …е полицискиот билтен за Прилеп за едно деноноќие

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 03.06.2025 во 04.00 часот во ОВР Прилеп, 42-годишна жена од Крушево пријавила дека во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот партнер М.Ш.(51)  од Прилеп.

Вечера пак, (02.06.2025)  во 17.00 часот П.П.(62) од с.Воѓани, прилепско, пријавил во СВР Битола, дека  на работното место во  фабрика  во индустриска зона „Жабени“ во Битола бил физички нападнат од негов колега.

На 02.06.2025 во 17.40 часот во ОВР Прилеп, З.М.(52) од Прилеп пријавил дека  во објект на ул.„Андон Слабејко“ во Прилеп бил физички нападнат од Р.Д.

Истиот дена (02.06.2025)  во 10.45 часот во ОВР Прилеп, Т.Н. (48) од Прилеп пријавил дека во с.Оревоец, прилепско, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните, информираа од СВР Битола.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од денеска отворен патот за Охрид преку Галичица

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од денеска 15.04.2026 се отвара за сообраќај за сите видови возила до 3.5 т. информираа од диспечерскиот – информативен центарна  на ЈП Македонија пат. Овој пат ќе биде отворен за сообраќај до 15.11.2026. Тоа значи дека живописната линија која ги поврзува...

Од 100 те возила за пошти ќе се “офајди„ и прилепската пошта со неколку нови товарни возила

Од 100 нови возила кои ги набави Владата за потребите на Македонски Пошти, неколку нови товарни возила ќе добие и прилепската пошта, како подружница на Македонски пошти. Денеска прествниците од оваа институција присуствуваа на презентацијата на 100 те возила , објави раководителот на прилепската подружница на Македонски пошти, Милена Јованоска....

Физички нападат на работно место во прилепската болница

Рано утрово, вработен во прилепската болница бил напад од друго лице, а СВР Битола соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот на физички напад во прилепскта болница. Настанот се случил на 15.04.2026 во 01:40 часот во ОВР Прилеп, кога Д.С.(34) од Прилеп пријавил дека на работното место во...