Физички напади и пожар-од полицискиот билтен

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 28.07.2025 во 02.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во угостителски објект во Прилеп, С.Т.(61) од Прилеп бил физички нападнат од лице вработено во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.07.2025 во ОВР Прилеп, В.Д.(65) од с.Годивлје, општина Кривогаштани, пријавил дека  во с.Годивлје настанал пожар на трева во дворно место од куќа, сопственост на Љ.Т.(52) од Прилеп, при што изгорела помошна просторија и празни сандаци за пчели . Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.  Повредени лица нема, а увидот извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На 27.07.2025 во 20.00 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Д.Б.(24) од Прилеп, со  престој  во с. Обршани, прилепско, пријавил дека во с. Бела Црква бил нападнат со тврд предмет од Б.М. од с.Бела Црква. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: