Фиталија изготвува индивидуални програми за земјоделците за квалитетно производство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Земјоделска аптека Фиталија подготвува индивидуални програми за потребите на земјоделците. Ели Ристеска, агроном инжинер во програмата „Радио што се гледа“ потсетува дека стручните совети треба да се следат бидејќи е важно да се знае во кој период и како се употребуваат препаратите за заштита, хербициди, инсектициди; на каква почва земајќи  го во предвид нејзиниот квалитет, киселост и можност за наводнување.

Температурите се невообичаено високи за овој период од годината (10 степени над повеќегодишниот просек). Сведоци сме на дневни осцилации од над 20 степени целзиусови кои предизвикуваат стресни ситуации кај есенските посеви, кај овошките. Расадопроизводството започна, а со тоа и интензивните подготовки за новата реколта тутунопроизводство и градинарство.  Зошто е важно да се почитуваат стручните совети на агрономите?

„Секоја почва – земјоделска парцела е различна, така што можностите да се добијат посакуваните приноси зависат од многу работи. Расцепканоста на земјиштето и малите парцели често не дозволуваат да се почитува правилото на плодоред. Поради ова потребно е почвата добро да се подготви за следната реколта. Располагаме со заштитни средства кои обезбедуваат превентива од појава на габични и вирусни заболувања кај растенијата. Препорачувам да се користат сертифицирани органски препарати за заштита и прихрана на почвата и растенијата со испитано потекло. Во Земјоделската аптека Фиталија располагаме со голем асортиман на средства, изготвуваме индивидуални програми прилагодени на специфичните услови и потреби, вели Ели Ристеска, агроном во разговорот што можете да го проследите во целост: 

Советувајте се со искусни стручњаци во областа на аграрот во Земјоделска аптека Фиталија, позади катната гаража кај старата автобуска станица во Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...