Филмот „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во вторник, 22 октомври од 19.30 часот, во кино Мис Стон во Прилеп, ќе биде прикажан филмот „Бизнисот на задоволството“ по сценарио и во режија на  Гоце Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ е еден од првите македонски филмови кој се снимаше додека на сила беа строгите ковид мерки. Приказната следи новинарка која, опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа на трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.
Фестивалската  македонска премиера на овој филм се случи на 18 јули минатата година, а годинава на 19 септември ја доживеа својата кинопремиера.
Филмот досега учествуваше на дваесетина фестивали во Македонија и во светот и десетина пати е наградуван со престижни награди меѓу кои и наградата за најдобар филм врачена од Италијанската полиција во рамките на фестивалот „Интернешнал Полис Артс Авардс Фестивал“(International Police Arts Awards Festival – IPAAF) во Тоскана, Италија.
Влезници можат да се купат на билетарницата од кино Мис Стон во вторник од 10 до 12 часот или еден час пред почетокот на проекцијата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Со спорт во Кривогаштани одбележан Меѓународниот ден на ретките болести

По повод Меѓународниот ден на ретките болести 28 ми февруари, последниот ден од најкраткиот месец во годината со вклучување на младите, на учениците, три здруженија Центар за развој и едукација, ЛАГ Агро Лидер и Урбано гнездо со поддршка на Општина Кривогаштани денеска реализираа спортски настан. Со активноста трите организации иницираа...

Ќе има ли и за Прилеп електрични еко автобуси?!

Министерствто за транспорт денеска објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за останатите општини. Дали вакви автобуси има и за Прилеп, останува да се види, иа доколку има кога, докој...

Прилеп подготвува стратешки план за урбана мобилност односно за создавање модерен, функционален и одржлив сообрајќаен систем

Во Општина Прилеп денеска се одржа јавна презентација и стручна консултација во врска со проектната активност која што се работи заедно со Министерството за транспорт и врски за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Светска банка. Целта на проектот е...