Филипова – Свеќароска: Заедно градот да го вратиме на граѓаните, на прво место да биде човекот, а не профитот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Средба со граѓаните и со своите симпатизери и членови, попладнево, во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, имаше партијата Левица. Пред заинтересираните беше презентирана дел од изборната програма, а се претстави кандидатот за градоначалник на оваа партија, Жаклина Филипова – Свеќаровска, како и носителот на советничка листа, Ванчо Мишовски.

Свеќаровска смета дека Кочани и граѓаните се затрупани со ѓубре, окпружени со кучиња скитници, сардисани од криминали, со згради без зеленило, град заглавен во сообраќаен хаос.

Со чесна работа, решение на сето тоа ќе се најде. Но, она што е клучно, е тоа на овие избори да им се покаже на оние што до коска го глодаат општеството, да сфатат дека не улиците, не зградите, туку луѓето се градот и дека градот мора да се врати на граѓаните, мора да си го вратиме достоинството, мора да се врати човечноста, смета кандидатот за градоначалник на Левица, Филипова – Свеќаровска.

Таа ја побара подршката од кочанчани, ветувајќи дека ќе има и одговорност и правда за сите безаконии коишто се направени наназад низ децениите.

Граѓаните мора масовно да излезат на изборите заради тоа што не постои друг начин да се деинсталираат ротирачките партии коишто клиентелистички и криминално ја држат власта веќе три децении. Заложници сме на нивното дивеење и затоа да излеземе заедно да си го вратиме градот назад кај граѓаните, да биде на прво место човекот, а не профитот, порача Филипова – Свеќаровска.

Од своја страна, носителот на советничката листа на Левица, Ванчо Мишовски, рече дека како кандидати за советници имаа јасна цел –  Совет што ќе биде глас и чувар на јавниот интерес на општината. Според него, Кочани има потенцијал да биде модерен и организиран град. Но тоа, како што нагласи, бара чесно работење, одговорност и отчетност кон народот.

Како иден член на Советот ќе се заложам за приоритетна комисија што ќе ги таргетира локалните проблеми ќе даде поддршка за настраданите во трагедијата и за нивните семејства, вети Мишовски.

На средбата со граѓаните на Кочани присуствуваше и лидерот на партијата, Димитар Апасиев, како и пратеникот од ИЕ 3, Борислав Крмов.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и