Филип Стојанов со бронза од Купот на шампионите во Подгорица

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Викендов во Подгорица, Црна Гора, каратист на „Партизан“ од Кочани, учествуваше на Меѓународниот турнир во карате насловен „Куп на шампионите 2024“. Турниров беше последна проверка пред Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година што ќе се одржи во Венеција од 8 до 13 следниот месец.

Во Подгорица настапија најсилните состави на екипи од 12 држави: Србија, Грција, Кипар, Словенија, Унгарија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, БИХ и Хрватска.

Одличен настап на „Купот на шампионите 2024“ имаше Филип Стпјанов, кој во извонредно силна конкуренција го освои третото место и бронзениот медал  во категоријата „кумите“ – јуниори до + 76 килограми.

Филип Стојанов е сигурен учесник на Светското првенство во Италија. Од КК „Партизан“ очекуваат негов успешен настап.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Филипче: Гоце Милевски и Ванчо Митев кандидати за градоначалници од СДСМ во Виница и Зрновци

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека партијата ги утврдила кандидатите за градоначалници во општините Виница и Зрновци за претстојните локални избори. Кандидат за градоначалник на Виница ќе биде актуелниот претседател на општинската организација на СДСМ, Гоце Милевски. Во Зрновци, СДСМ ќе настапи со Ванчо Митев, кој е исто така претседател на општинската организација.

Заврши истрагата за „Пулс“ – обвинителен акт со 17 лица, предметот премина во скопскиот Кривичен!

Обвинителниот акт за случајот „Пулс“, во кој се опфатени 17 лица, е доставен до Основниот кривичен суд Скопје. Четворица од обвинетите остануваат во притвор, додека за останатите 13 и понатаму се применуваат мерки на куќен притвор. Со ова се означува крајот на истражната постапка, а започнува рокот во кој странките можат да поднесат приговори пред