Филип Мирчески назначен за спортски директор во младинската академија на Победа (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Нов директор на Младинската академија во Победа е Филип Мирчески.Триесетишесгодишниот Мирчески е поранешен фудбалер на Победа и 11 Октомври а и двапати е прогласуван за спортист на град Прилеп.Со младинската екипата на Победа беше и шампион на Македонија во сезоната 2021/2022, исто така есента 2023 беше и шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим во втората лига.

Од фудбалскиот клуб Победа за јавноста велат :

„Квалитетот секогаш испливува на површина. Тренерот којшто ја водеше генерацијата во Лигата на европските шампиони, официјално е назначен за директор на Младинската академија. Со оваа одлука се отвора ново поглавје, со јасна цел – да се искристат неговото искуство, знаење и квалитет во градњењето нови генерациии развојот на младите таленти.“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...