Фалсификувале исправи, издавале лажни испратници – Кривична пријава за вработени во Национални шуми од Кочани и Пробиштип!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кривична пријава против пет лица за неосвесно работење во службата, употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагање“.

 

На 04.02.2025, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” – Подрачно шумско стопанство „Осогово” – Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла на нивен имот во атар на с.Лезово, пробиштипско, и покрај тоа што нивните парцели се ниви и нема таков вид на дрва за сечење. Првопријавениот, по поднесените барања, излегол на местото, извршил увид и изготвил записник во кој внел лажни податоци дека постои дрвна маса-стебла на тополи за сеча, иако на парцелата немало какви било видови дрва. Откако бил платен надоместокот за издавање на одобрение за сеча, првопријавениот изготвил одобренија за сеча на дрвна маса, при што едното воопшто не го доставил на потпис на раководителот, а за да ја прикрие бесправноста усно го известил четвртопријавениот дека неговото барање за сеча е одбиено, кое всушност го изготвил и го одложил во досието на предметот.

 

По ова, петтопријавениот организирал сечење тополи на парцела во државна сопственост. Додека, второпријавениот, во својство на службено лице во ЈП „Национални Шуми”-ПШС „Осогово” Кочани-РЕ Пробиштип, на 11.02.2025 изготвил приемница за сеча и приемница за дотур без да ја утврди фактичката состојба за исечената дрвна маса и дали истата маса потекнува од означените стебла, издал испратници со кои исечените стебла биле однесени на продажба во фирма во Kавадарци. На ист начин, постапил и со барањето на Д.К., за што го фалсификувал потписот на приемниците на четвртопријавениот, а потоа издал и лажна испратница за ситно техничко дрво орев, кое всушност претходно со камион, управуван од петтопријавениот Б.Д. бесправно било исечено и одвезено во фирма во охридско. Со ваквите дејствија било извршено сечење на вкупно 53.81 кубни метри дрвна маса, со што била причинета штета на државниот буџет за износ од 780.245 денари

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИО „Ластовица“ го одбележа Светскиот ден на извидниците

Светскиот ден на извидниците е потсетник дека со заедништво и добра воља можеме да создадеме „Подобар свет“ кое вооедно е и мото на извидниците. На 22 февруари, во чест на роденденот на основачот на извидничкото движење, Роберт Баден Пауел, милиони извидници ширум светот се обидинуваат и ја негуваат идејата за пријателсво и солидарност кон заедницата

Граѓаните што треба да се промени во Кочани…

http://facebook.com/reel/1187542803216389/?s=single_unit