ФА „Мугри“ и оркестарот на изворни народни песни и ора го одржаа завршниот концерт

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Центарот за култура „Бели мугри“ синоќа, се одржа завршниот концерт на Фолклорниот ансамбл  „Мугри“ и оркестарот на изворни народни песни и ора, што работат при установата.

Годинава фолклористите и членовите на ансамблот беа активни во однос на настапи во земјава и странство, при што освоија  бројни награди и признанија.

На вчерашниот концерт настапија повеќе фолклорни групи од државата.

Фолклорниот ансамбл  „Мугри“ се вбројува меѓу првите ансамбли во регионот кој со својата работа ја поврзувал и сеуште ја поврзува историјата и традицијата и чува живи спомени  за македонскиот идентитет.

Како што кажува и  името  на ансамблот своите почетоци ги поврзува со објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ од поетот Кочо Рацин и се непроценлив дел од македонската култура што овозможува и ден денес да го чуваме, негуваме и промовираме идентитетот како наследство – во земјава и во светот.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Филипче: Гоце Милевски и Ванчо Митев кандидати за градоначалници од СДСМ во Виница и Зрновци

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека партијата ги утврдила кандидатите за градоначалници во општините Виница и Зрновци за претстојните локални избори. Кандидат за градоначалник на Виница ќе биде актуелниот претседател на општинската организација на СДСМ, Гоце Милевски. Во Зрновци, СДСМ ќе настапи со Ванчо Митев, кој е исто така претседател на општинската организација.

Заврши истрагата за „Пулс“ – обвинителен акт со 17 лица, предметот премина во скопскиот Кривичен!

Обвинителниот акт за случајот „Пулс“, во кој се опфатени 17 лица, е доставен до Основниот кривичен суд Скопје. Четворица од обвинетите остануваат во притвор, додека за останатите 13 и понатаму се применуваат мерки на куќен притвор. Со ова се означува крајот на истражната постапка, а започнува рокот во кој странките можат да поднесат приговори пред