Есенски прваци без ниту еден пораз – Младост 96 доминира во женската пинг-понгарска суперлига

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Женската екипа на „Младост 96“ ја заокружи есенската полусезона со извонреден успех, освојувајќи го првото место во најсилната женска пинг-понг лига без ниту една загубена средба. Во последниот натпревар каде со одлучуваше есенската полусезона со директниот конкурент „Шампиони ФА“, остварија победа со 4-3. Тимот ја демонстрира својата сила и тактичка зрелост во секој натпревар, што резултираше со перфектен биланс и убедливо водство на табелата.

Во овој успех силен печат оставија Софија Хасану, Ива Димитриеска, Емилија Бошкоска, како и интернационалното засилување од Грција, Стела Цариду. Нивната одлична форма, карактер и посветеност на теренот ја потврдија амбицијата на клубот да биде врвна сила во македонскиот женски пинг-понг.

Тренерскиот и стручен тим истакнаа дека квалитетот на играчките, нивниот тимски дух и континуираната работа во клубот се клучот за овој успех.
Од клубот упатија благодарност до поддржувачите и љубителите на спортот, најавувајќи дека ова е само почеток на уште поголеми успеси.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Први декември Светски ден против ХИВ/СИДА – Годинава 38 новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА

Годинава има 38 новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во земјава, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје,  објавен по повод 1 декември, Светскиот ден против СИДА. Бројот на новорегистрирани случаи годинава е помал за 25,5 отсто споредено со истиот период од минатата година, кога се регистрирани 51 случај. Од...

Ќе се снимаат собраќајните прекршоци и ќе се казнуваат прекршителите – стартува пробниот период за системот „Безбеден град“

Од утре, 1 декември почнува пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во пробниот период, сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, се вели во соопштението од полицијата. Инаку, пробниот период е до Нова година, кога возачите ќе...

УЈП без одговор зошто третина од граѓани не ги добија парите од скенирање сметки

Управата за јавни приходи (УЈП) без одговор зошто голем дел од македонските граѓани не ги добија своите средства кои им следуваат од скенирањето на фискални сметки. Воедноне работеше ниту апликацијата МојДДВ во поголемиот дел од денот, односно граѓаните денеска не можеа воопшто да скенираат сметки. Инаку, вчера беше последниот рок...