Еко Пак Хит инвестира во Дом за стари лица во Зрновци, премиерот Мицковски денеска на поставувањето на камен темелнкот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Зрновци денеска започна да се гради Дом за стари лица, прв објект од ваков карактер во источниот дел на Македонија. Станува збор за приватна инвестиција на компанијата „Еко Пак Хит“ од Кочани.

Домот ќе располага со површина од 1800 квадратни метри. Во зградата ќе можат да се сместат  64 лица во 32 соби. Во прв момент предвидено е да се вработат 30 лица. Во зависност од потребите, во подоцнежна фаза може да седојде до бројка од 50 вработувања.

Ова го изјави, Билјана Митева, претставник на „Еко Пак Хит“, после положувањето на камен темелникот, чин што го освети митрополитот Брегалнички, господин Иларион, а на кој присуствуваше и премиерот, Христијан Мицковски.

Целта за изградба на овој Дом е, не само развој на Општина Зрновци, туку развој на целиот Источен регион. На раѓањето на Пресвета Богородица сите сме сведоци на раѓање на нов проект, кој ќе овозможи поквалитетен живот на повозрасните и нови работни места, нагласи претставникот на „Еко Пак Хит“, Билјана Митева, заблагодарувајќи му на премиерот Христијан Мицковски за неговото присуство и за соработката со Владата во врска со инвестицијата.

Мицковски, пак, од свое име им честиташе на инвеститорот што се одлучиле да инвестираат во еден ваков објект овде во Општина Зрновци. Според него тие се пионери во Источна Македонија. Она што тие денес го започнуваат, смета тој, е додавање вредност во квалитетот на животот на жителите во овие општини и генерално во источниот дел од државата.

.- Се потрудивме и како Влада и градоначалникот, како Општина Зрновци, да сториме се што е во наша моќ, нормално и во наши ингеренции, да помогнеме тој процес да се забрза и денес да се радуваме на овој преубав ден, раѓањето на Пресвета Богородица да  создаде едно раѓање на еден нов објект, којшто ќе значи долг живот за сите оние коишто ќе ги користат неговите  услугите, нагласи македонскиот премиер Христијан Мицковски.

За градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев,почетокот на изградба на Домот за стари лица е значаен настан што значи развој на Општината и создавање услови за по квалитетен и подостоен живот за највозрасните граѓани.

Домот за стари лица во Зрновци, општина што се наоѓа на десетина километри од Кочани, треба да биде готов да ги прими првите станари во наредниот период од 12 месеци. Инвеститорот планира, исто така во Зрновци, да подигне и сместувачќи капацитети за луѓето што ќе ги посетуваат своите блиски што се сместени во Домот за стари лица.

Повеќе за ова во видео материјалот објавен на radiokocani.mk

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Кочани гласале 131 болни и немоќни лица од пријавени 135

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, своето право на глас, денска го остварија болни и немоќни лица. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, вкупно 135 болни и изнемоштени лица претходно беа пријавени за гласање од дома. Од нив, 131 лице го искористи своето избирачко право,

Во Кочани тече гласањето на болните и изнемоштените пред неделните избори

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, денеска своето право на глас го остваруваат болните и немоќни лица, како и граѓаните кои се наоѓаат во притвор или издржуваат затворска казна. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, денеска гласаат 135 болни и изнемоштени лица, кои претходно се

ШЕСТКА ВРЕДНА НАД 460.000 ДЕНАРИ

Во 82 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 1, 5, 6, 16, 26, 30 и 33. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше една шестка вредна 465.696,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 52.757.000 денари. Шестоцифрениот џокер број е: 3, 1, 4, 3, 9, 6. Добивки со шест и пет погодоци немаше.