Полицијата го привела прилепчанецот кој управувал возело со изречена забрана да вози и му го одзела моторното возило.Тоа истото му се случило и и 59 годишен кривогаштанец кој, пак, управувал возило без да има возачка дозвола.
На 08.03.2026 во 13:30 часот на патот Прилеп-Крушево полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода В.К.(43) од Прилеп.
Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.К. при што било констатирано дека го управувал возилото со изречена мерка забрана за управување на моторно возило од Б категорија .
В.К бил приведен во Полициска станица Прилеп, а по насока на јавен обвинител возилото е одземено, по што ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2026 во 13:10 часот,пак, од с.Крушеани, општина Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишија од слобода А.Ќ.(59) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициски службеници запреле патничко возило „лада“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека А.Ќ. го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола.
Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.









