ДЗС пронајде 16 гранати во близина на Лукоил на влезот од Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Шеснаесет артилериски гранати калибар 105 мм, заостанати од Првата светска војна, беа пронајдени денеска околу 16:30 часот во близина на бензинската пумпа „Лукоил“, на самиот влез во градот Прилеп. Екипи од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги отстранија пронајдените гранати, информираат од Дирекцијата.

ДЗС апелира до граѓаните доколку забележат сомнителни предмети или слични остатоци од војната, веднаш да ја известат полицијата и да не се обидуваат да ги допираат или поместуваат.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Директорот на ЈКП Пазари си даде оставка – Седница на Совет на Оптшина Прилеп

Диркторот на ЈКП Пазари – Прилеп си даде оставка од функцијата менаџер на ова јавно комунално , претпријатие, а денеска на дневен ред на Совет на Оптшина Прилеп беше предлог- одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ова јавно претпријатие, за 2025 година....

Стеванче Јорданоски избран за претседател на Национална федерација на фармери

Управниот одбор на Националната федерација на фармери (НФФ), на изборната седница на Генералното собрание на здружението, за нов претседател на НФФ го избра Стеванче Јорданоски, долгогодишен член на организацијата и земјоделец од прилепското село Мажучиште. Јорданоски  е земјоделец кој се занимава со производство на пченица, тутун, градинарски култури и одгледување...

Горивата поскапуваат

Од полноќ на малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,40%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Според одлуката, цената на бензините и дизелот се зголемуваат за 2,00 денари по литар, додека цена на маслото за горење се зголемува за 1,50 денари по литар. Цената на Мазутот,...