ДВЕТЕ ГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ ЌЕРКИ ВИ ГО ЧЕСТИТААТ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими во нејзиниот кабинет истакнатата македонска активистка и единствен одликуван граѓанин со македонско потекло во Холандија госпоѓа Светлана Мишева, почесен претседател на Македонската заедница во Холандија.

На средбата претседателката Сиљановска-Давкова беше запозната со активностите на Заедницата, генезата на македонско-холандските културни врски и уделот на големиот холандски писател А. ден Долард во запознавање на холандската и европската јавност со стремежот на македонскиот народ за независност. Госпоѓа Мишева не можеше да ја сокрие радоста што Македонија доби прва жена претседател и подвлече: – „особено сум горда и изборот на прва жена-претседател во голема мера го поткрепува и оправдува мојот ангажман и работа за македонската кауза кој трае над половина век надвор од Македонија.“

Претседателката Сиљановска-Давкова возврати со честитки до Македонската заедница во Холандија по повод утрешниот празник и им посака на нашинците во Холандија да продолжат со нивните богати и широки активности и да го следат примерот на госпоѓа Мишева, бидејќи колку повеќе одликувани граѓани од македонско потекло во Холандија толку поголем респект за македонскиот народ и државата Македонија.

 

Светлана Мишева е голем промотор на Македонија од својата рана младост како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов„ и во 60-тите години на минатиот век настапувала на скоро сите фолклорни фестивали низ целиот свет. Непосредно по земјотресот во 1963 година работела во тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге во изградбата на Скопје и на повик на ансамблот „Орце Николов„ повторно заминала на турнеја во Америка, но овојпат во хуманитарни концерти и собирање помош за обнова на македонскиот главен град.

Во Холандија живее од 1971 година и таму помагала на бегалци, сиромашни и болни за чија хуманост, посветеност и грижа е одликувана во 2009 година.

Покажала големи активности и во основање на Македонската заедница и организирање на црковниот живот (македонската православна црковна општина) во Холандија за чиј минат труд, во март оваа година по повод нејзиниот 80 роденден беше овенчана со Наградата за животно дело „Златен Птоломеј„ од име на Македонската заедница како признание за „личност со најдолг стаж за македонската кауза во континуитет во различни области„. Со оваа награда Светлана Мишева воедно стана и почесен претседател (AD TEMPUS VITAE – доживотно)  на Македонската заедница во Холандија.

Фото: служба на Кабинет на Претседателот на Република Македонија 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Има ли полициско досие убиецот кој завчера ги уби таткото и синот Чупаркоски?!

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за пукање со огнено оружје во кафеана но делото застарело, велат од ОВР Прилеп. Од таму информираат дека против него...

Oпштина Прилеп ќе ангажира 30 лица за заштита од пожари – Отворен е јавниот повик за пожарникари

Невработените лица, евидентирани во АВРМ, кои се заинтересирани да станат пожарникари потребно е да се пријавата во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп. Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци. За кандидатите кои ќе бидат избрани за времено...

Без возачка и во алкохолизирана состојба 47 годишен прилепчанец возел на експресениот пат Градско-Прилеп

На полноќ (на 14.07.2025) во 00.30 часот на експресен пат Градско-Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.С.(47) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки. Кај прилепчанецот кој го управувал возилото, констатирано е дека е возел под дејство на...