Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 17:00 часот на патот А1 Прилеп – Росоман, во близина на селото Радобил, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила, при што пет лица се здобиле со повреди, а двајца загинале на лице место.
Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот, посочуваат од МВР .









