ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Џ.К.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 12.05.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“ во кое како сопатник била пријавената, при што кај неа бил пронајден и одземен хероин
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 04.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми и марихуана.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









