Две изложби петок – „Доминанта“ од група прилепски уметници и „Насмеани лица и состојби“ од скулпторот Емил Солески

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 26 септември 2025/ петок/ од 19.00 ч. во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Доминанта“ од прилепски уметници, членови на ДЛУП. Со дела ќе се претстават Дарко Талески, Филип Јовески, Методи Исков, Емил Солески, Лепа Милошевска, Славчо Павлоски, Елена Димоска, Филип Перески, Верче Николоска, Маја Ралева- Миладиновски и Марјан Стојаноски.

Доминацијата и акцентот се важни принципи во уметноста и помагаат да се создаде визуелна хиерархија која го води вниманието на гледачот. За еден елемент да се истакне, друг треба да послужи како позадина од која треба да се истакне првиот. Некои елементи треба да доминираат со други за да може во уметничкото дело да се прикаже каква било визуелна хиерархија. Со менување на визуелната тежина на некои елементи и визуелната насока на другите, можете да се воспостави различно ниво на доминација. Колку е поголема неговата визуелна тежина, толку повеќе елементот ќе го привлече окото и ќе покаже доминација. Елементите поставени на централна или истакната позиција во дизајнот природно ќе привлечат внимание и ќе доминираат во композицијата. Но, како што рекол големиот акварелист Чарлс Рид: „Ако сте вешти во композициската насока и го водите окото околу сликата, нема да ви треба центар на интерес“. Доминацијата во уметничките дела се однесува на визуелната тежина или истакнатост на соодветен елемент во составот на дизајнот. Имањето на различни форми во различни големини може да биде донекаде привлечно, но само по себе не е доволно за да го плени гледачот. Користењето на живописна боја за елемент наспроти пригушена позадина ќе го направи елементот да се истакне. Вилијам Мерит Чејс и Џон Сингер Сарџент често користеле повеќе извори на светлина, но сепак, еден од изворите на светлина секогаш бил доминантен, а другите извори на светлина биле подредени на него и повеќе се користеле за рефлектирачка светлина – вели авторот на текстот М-р Филип Јовески.

Истиот дена (26 септември 2025/ петок/)  од 20.00 ч. ,пак, во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела „Насмеани лица и состојби“ од прилепскиот уметник Емил Солески.

КОН МУЗИТЕ НА ЕМИЛ СОЛЕСКИ Најновото скулпторско и сликарско претставување на Емил Солески ни донесува неколку нови размисли за и околу постоењето и опстојувањето. Кога на каменот ќе му дадете душа тој сам по себе нуди бројни асоцијации кои низ филтерот на авторот не упатуваат да се запрашаме кои сме и кон што се стремиме. Овојпат преку композицијата „За уметникот и неговите Пиериди“ – Талија, Уранија, Мелпомена, Полихимнија, Ерато, Клио, Калиопа, Евтерпа, Терпсихора, авторот како да сака да ни најави дека тие ќе му дадат сила за да ги искаже своите согледувања и немири во уште повеќе дела кои ќе бидат богатство на нашата современа уметност. Воедно да ги споменеме и неговите состојби како ,,Напнат, да не речам распнат,, или ,,Да си излезеш од кожата,, кои во себе носат своевиден психолошки профил на времето кое го живееме. Интересно за ова ново претставување на Солески е што пред јавноста се претставува и со свои сликарски перформанси под заеднички наслов ,,Насмеани лица“. Оваа негова изложба како да се надополнува со претходните негови презентирања надополнувајќи ја празнината на духовното надградување кое денес и тоа како нам ни е потребно.Среќа е што живееме во период кога овој наш истакнат уметник твори – Никола Јованоски.

Изложбате се поддржана од Министерството за култура и туризам.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Последните чекори во процесот за заокружување на реколтата 2025 та е пред крај. Наредната недела во Институтот за тутун ќе бидат верифицирани мострите и во зависност од интересот на компаниите откупот може да почне. Интересот за преземање на реколтата е историски најголем досега со оглед на бројот на ваги на...

МЕТЕО АЛАРМ: СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат

Продолжував врнежливото време Во Прилеп наврнаа 5 литри дожд на метар квадратен ,а најмногу дожд во изминатите 12 часа до 19 часот вечерва наврнаа во Охрид  и тоа 34 литри на метар квадратен дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки...

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег . Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа...