Дваесет и тројца стипендисти на Општина Кочани ги потпишаа договорите за користење на стипендијата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Дваесет и тројца студенти од Кочани денеска ги потпишаа договорите со Општина Кочани за користење на општинска стипендија за академската 2024/2025 година.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов им ги додели договорите на студентите при што им посака успех во понатамошното студирање.

– Се надеваме дека општинската стипендија е добра мотивација и поддршка за да постигнувате натамошни успеси во вашето студирање. Стипендирањето од Општина Кочани ви овозможува да бидете дел од потенцијалните кадри што ќе работат во јавниот или во приватниот сектор, да се пронајдете како поединци, како професионалци во областите во кои се образувате. Сметам дека многу брзо ќе бидете корисни граѓани за Кочани и се надевам дека ќе се присетите на симболичната поддршка што сте ја добиле за време на студирањето – рече во своето обраќање пред студентите градоначалникот Папазов.

Конкурсот беше распишан за 30 студенти на прв циклус студии на јавните високообразовни институции во Македонија. Иако имаше посебни критериуми за користење стипендии за студенти од ромската етничка заедница, за студенти лица со попреченост и со ретки болести, оваа година по тие основи немаше ниедна пријава. Сите доделени стипендии се во категориите на висок успех, медицински науки и од социјално загрозени семејства.

Месечниот износ на општинската стипендија годинава е 3.500 ден. и се издава десет месеци.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани: Работите се менуваат…

Професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците од Добрововолното противпожарно друштво-Кочани на 16 март 2025 година учествуваа во гаснењето на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Професионалците и доброволците сплотени и единствени спасија и голем дел од повредените млади луѓе. Една година по трагедијата во Кочани во која згаснаа 63 животи, а над 200

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша