Дваесет и шести „Марш за ангелите“ – од утре секојдневни едночасовни блокади кај двојниот мост

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од недела, 12. октомври, ќе има мирни јавни собири и блокади  на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“, наспроти „Спорт риалити“. Блокадите  ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15,15 до 16,15  часот, се додека не започне судењето.

Ова го најавија родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ од 16.март, денеска на 26. „Марш за ангелите“ од пред Основниот суд во Кочани, испровоцирани од тоа што, според нив, адвокати на осомничените изјавиле дека судењето ќе трае 10 до 15 години.

Оваа изјава е срамна и понижувачка за семејствата чиии деца ги загубија животите во трагедијата. Таквите зборови звучат како обид да се подготви јавноста за бавно одолговлекување и заборавање. Ние тоа нема да го дозволиме, рече мајка на починато девоче пред новинарите.

Родителите на настраданите бараат да се зголеми капацитетот на судскиот состав со дополнителни судии и судски соработници за да не се одолговлекува процесот поради недостаток на ресурси. Исто така, нагласија, рочиштата мораат да добијат приоритет и постојано темпо, со цел постапката да тече непречено и без непотребни одложувања.

Бидејќи се сомневаат во манипулации или скриено бавење на судскиот процес, бараат јавно и транспарентно следење на сите процесни активности.

Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука — на кружниот тек, се додека не почне судењето , а за понатаму зависи како ќе се одвиваат работите. Животот на едно дете вреди повеќе од нечии интереси и адвокатски игри, порачаа членови на семејства што загубија свои блиски во мартовскиот пожар во „Пулс“.

Денешниот 26 –ти „Марш за ангелите“ во Кочани, стандардно започна од „Паркот на Револуцијата“ каде што и заврши. Попатно, петнаесетина минути беше блокиран сообраќајот на кружниот тек пред двојниот мост, токму на место каде што од утре па натаму се најавуваат јавни собири и блокади.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицковски – Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште

Претрес во виничко, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

  На 06.03.2026 во 19:00 часот во с.Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.А.(19) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Виница, полицискиte службеници пронашле и одзеле марихуана. За време на претресот, во неговиот дом биле затекнати две други лица, на кои им

Ќе се гради дел од улицата „Никола Карев“ и новиот јужен булевар во Кочани – договор вреден 1,9 милиони евра

Министерството за транспорт склучи договор за изградба на дел од сообраќајната инфраструктура во Кочани, со што ќе се реализираат зафати на две значајни градски улици. Според информациите, договорот е потпишан со компанијата „ОСД Кирил“ ДООЕЛ од Штип, која ќе ги изведува градежните работи. Проектот опфаќа изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“, како и