Дваесет и четврти по ред Пелагониски културно –научни средби во Новаци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вчера  во општинската сала на Општина Новаци  се одржaa 24 Пелагониски културно – научни средби.

Оваа година, традиционалните награди, Советот на средбите, на чело со претседателката д-р Весна Калпаковска  ги  доделува на еминентни личности кои со својата професионална работа имаат придонесено  за развојот на уметноста, културата и науката во Битола и Македонија.

Повелбата за животно дело ќе му биде доделена на истакнатиот битолскиот новинар, хроничар и фотограф – Петар Ставрев.

Наградата „Златен клас за македонски вознес“ ќе ѝ биде доделена на новинарката Соња Лозановска, за промоција на македонскиот јазик, култура и уметност во Канада.

Оваа година, втор пат по ред ќе биде доделена наградата „Панде Манојлов“ за поезија, оваа награда Советот на средбите ќе ѝја врачи на д-р Лили Бошевска, која во континуитет го облагородува македонскиот поетски корпус со автентичен поетски израз.

Исто така,  награда за животно дело ќе му биде доделена и на битолскиот писател Ванде Ганчевски.

Во склоп на Средбите, беше промовиран и Деветнаесетиот  број на Зборникот на научни трудови на Пелагонските културно научни средби и ќе бидат презентирани трудовите кои ќе бидат сместени во 20 Зборник на Средбите, којшто ќе излезе од печат следната година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Индустриската зона Металец се доуредува со асфалтирање на улици и осветлување

Индустриската зона Металец, позната како Прилеп 1 инфраструктурно се доуредува со асфалтирање на уличната мрежа. За таа цел од Буџетот на Општина Прилеп се оддвојуваат средства со кои ќе биде завршен процесот на урбанизација на Индустриската зона. „После подолги години, од основниот буџет на општина Прилеп се одвојуваат 37,4 милиони...

Овековечување на делото на Ѓорѓи Ачески-Аче, промоција на монографија и Камерна галерија „Аче“

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, в среда на 8 ми април, во  „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп. Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку...

Концерт на Женскиот камерен хор „Керамија“ во фоајето на Цепенков

По повод најголемиот христијански празник Велигден, хорот „Керамија“ вечерва / 6.04 – понеделник/  во фоајето од 19 часот ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од...