ДРВОКРАДЦИ – КАМИКАЗИ-УНИШТИЈА ВОЗИЛО НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пред малку во Прилеп, дрвокрадците со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп, напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов, кои тврди дека сега е на потег судот и дека повеќе нема назад.

– Кога објавувам дека овие бандити не бираат средства да избегаат, дел од граѓаните во коментари на моите објави се потсмеваат.Жалното во приказната е тоа што истите овие кои го направија ова, секојдневно ја уништуваат природата во прилепскиот регион.

Жалното е тоа што и покрај тоа што ги имаме фаќано безброј пати, тие повторно се на слобода и повторно и повторно го прават ова.Апелирам до судот и обвинителството да носат ригорозни мерки за овие бандити и да не го чекаме моментот да ни биде повреден или недај Боже да ни загине некој колега, па дури тогаш да се освестиме.

И покрај сите предизвици, назад нема.

Нема ниту милиметар да отстапиме од борбата со криминалците, а одговорност ќе има за сите.-  објави на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад соопшти дека од ноќеска на полноќ (5 август 2025 година) стапуваат во сила нови малопродажни цени на нафтените деривати. Цените на бензините се зголемуваат, додека дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се...

Објавен огласот за субвенции за струја за ранливите категории

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година. Огласот е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, објавена со „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 154/25, со...

Вечер на унгарски танци и песни во Прилеп

На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ на 8 август 2025, петок, од 19.30 часот ќе се одржи „Вечер на унгарски танци и песни“. Ќе настапат фолклорниот ансамбл Ризгетош и оркестарот Фокош. Концертот, кој е повеќегодишна традиција е дел од пограмата на Центарот од меѓународната соработка, а се реализира заедно со...