background-1

Др Јаков: Никој не е подобар од нас, немајте дилема, само треба подобра организација!(ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Доктор Златко Јаков 10 години работел во Прилеп, а 11 години во Германија. Од неодамна работи-помага во прилепската болница. Неговата специјалност е хирургија.  Во време од неговата фела македонскиот кадар заминува во странство, најчесто во Германија, тој одлучи да се врати во родниот Прилеп и неговото искуство и знаење да го вложи тука.

  „Задоволство е да се работи со својот народ . Стручноста која што се стекнала да се покажи, да се примени и да се сподели со колегите, како и сите други предности кои што ги нуди татковината,“ ова за др Златко Јаков е пресудно што се врати во Прилеп од Германија каде што работеше изминативе 11 години. Тој е хирург и своето знаење и искуство од неодамна го применува во прилепската болница.

– Бев 11 години во Германија, планот беше да се вратам, се створија услови, си дојдов, нормално. Jaс помагам на ова одделение, веќе 2,5 месеци, скоро трет месец на хирургија, со дежурства во мојето слободно време, а чекам официjално да бидам преземен и да почнам да работам со новата апаратура, се разбира, која што ми е позната, имам работено.  

Златко посочува дека парите кои што се добиваат во Македонија се доволни за неговиот стил на живот, бидејќи во Германија е исто само 10 кратно повеќе плата, но и трошоци за живот.

– Придобивките сите ги знаат кои биле во Германија на специјализација. Но, влечењето е големо кон сопствениот дом, кон татковината и придобивките кои што ги добил, секој сака да ги сподели. Јас сум преблагодарен од Германија, можам да кажам најдоброто го зедов и сакам да го донесам и да го прикажам тука, рече др Јаков.

На новинарско прашање – што ни недостига тука, во Македонија: организација, недостиг на кадар др Јаков искрено посочи дека во Македонија се компензира со индивидуалност и со натчовечки напори.

– Тука се компензира со индивидуалност и со натчовечки напори и со вредности кои што сите ни ги препознаваат кога ќе појдиме надвор колку сме ние посветени, вредни, добри и тоа компенизира еден систем кој што нормално беше во проблеми, е во проблеми. А, организацијата е тоа што ги движи работите напред. Дека можеме да се организираме сум повеќе од убеден, бидејќи гледам луѓе кои што се и компетентни и желни да работат, останале тука, значи верувале во нешто. Мала организација, малку позитивно расположение и мислам дека се’ може да се постигне. Никој не е подобар од нас, немајте дилема!!! Дури и обратно можам да кажам, штом од нас зависат и ние одиме таму – многу работиме и многу сметаат на нас не е можно ние дома да не можеме да се организираме и да не бидеме добри исто така, вели др Златко Јаков.  

Златко Јаков е хирург и еден од докторите кои наскоро ќе бидат вработени на неопределено време во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Извинете само да прашам? – се почесто на репертоарот на човечката мутавост

Што може да расипи  едно обично , убаво утро исполнето со ентузијазам за работа и дневна еуфорија? Сигурно нешто што те дрзнува да забележиш со  око , да изреагираш во себе и потоа сета таа жилавост за да го зграпчиш денот да биде упропастена заради човечката нетрпеливост , односно зборовите...

Пожар на новите градски гробишта предизвикан од невнимание од запалени свеќи

Сеуште е активн пожарот во прилепското село Бешиште, мариовско, каде што гори приземна квалитетна мешана шума, а со ниска вегетација беше опожарен простор кај новите градски гробиштата во Прилеп. Од ТППЕ -Прилеп апел до граѓаните –  да се внимава при палењето свеќи на гробиштата. Пожарот на новите гробишта е спречен...

Кај Бешиште, мариовско сеуште гори квалитетна мешана шума

Пожарот кој што започна на 28 јуни сеуште е активен кај селото Бешиште, мариовско. Приземен пожар гори квалитетна мешана шума, известуваат од Центарот за управување со кризи во врска со состојбата со пожарите до 13 часот 05.07.2025. Покрај овој пожар денеска активни се уште три: Општина Македонски Брод, с. Црешнево,...