ДПД Кочани учествуваше на „Marcana Fire 2026“ – освоено 7. место

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Доброволното противпожарно друштво Кочани учествуваше на петтиот меѓународен натпревар „Marcana Fire 2026“, кој се одржа во организација на DVD Općine Marčana.

Во конкуренција од 15 екипи, претставниците на ДПД Кочани го освоија седмото место, што претставува солиден резултат на меѓународна сцена.

Од друштвото упатија благодарност до организаторите за, како што наведуваат, одличната организација и гостопримството. Воедно посочуваат дека ваквите настани се важни не само како натпревари, туку и како можност за размена на искуства, знаења и воспоставување соработка меѓу учесниците.

Учеството на вакви меѓународни собири, додаваат од ДПД Кочани, придонесува за унапредување на професијата и афирмација на нивната работа во заедницата.

Од друштвото најавуваат дека и понатаму ќе продолжат активно да учествуваат и да го претставуваат Кочани на вакви настани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува