Доброволното противпожарно друштво – Кочани и годинава се вклучи во акцијата „И јас сум дете“ за обезбедување на новогодишни пакетчиња за деца од социјален ризик.
Станува збор за иницијатива преку која на неколку локации во Кочани се поставени кутии за донација на новогодишни подароци, кои пред Нова година ќе бидат поделени на деца од ранливите категории.
Ова е хумана активност на пожарникарите–доброволци, која веќе трае пет години.
Доброволното противпожарно друштво како и изминативе две години, така и годинава го организира проектот „И јас сум дете“, во кој собираме новогодишни пакетчиња, односно граѓаните на Кочани донираат новогодишни пакетчиња на местата каде имаме поставено кутии за донации, а тоа се „Кузе Моторс“, маркетите „Кај Тоше“ и „Мјб Рич“. Во наредните денови ќе бидат поставени кутии и на други локации.
Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да донираат пакетчиња на веќе утвредните локации. Новогодишните подароци ќе бидат собрани од наша страна, а потоа ќе ги доделиме на децата од социјален ризик.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









