Доследно и со почит кон жртвите за слобода Прилеп го одбележа 11-ти Октомври

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп денeска на Денот на народното востание – 11 ти Октомври им оддаде почит на паднатите борци за слободна и независна Македонија.

Владини делегации, општински делегации, делегации од АРМ, претставници од политички партии и граѓански здруженија денеска се поклонија и положија цвеќе на Првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, на споменикот на Кузман Јосифоски Питу во центарот на градот, на Могилата на непобедените и на споменикот на жена Борец, во Паркот на револуцијата во Прилеп.

Заменик претседателот на Владата и Министер за транспорт, Александар Николоски, положувајќи цвеќе на споменикот на Првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, и на Мoгилата на непобедените им го честиташе празникот и порача дека многу добро се знае против кого беше кренато Народноослободителната борба и дека Македонија во тој период беше под окупација, а не под администрација.

-Овој ден треба и да нè потсети зошто го славиме. Не смееме да заборавиме зошто беше кренато востанието, против кого беше кренато и против чија идеологија беше кренато востанието. Јасно е дека Македонија беше под окупација, а не под администрација, јасно е дека имаше силна Народноослободителна борба, а не идеолошка борба помеѓу левичари и десничари и помеѓу комунисти и ројалист, туку јасна национална борба на македонскиот народ за народноослободување. Не случајно партизанските одреди ги носеа имињата на илинденците и на врвните дејци на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, така што 11. Октомври е континуитет на 2. Август, ако го немаше 2. Август, немаше да го има ниту 11. Октомври, а ако го немаше 11. Октомври, немаше да го има 8. Септември 1991 година. Мора многу, многу јасно овие работи да ги кажуваме, македонскиот народ има свој историско-политички континуитет и јасна културолошка и јазична посебност, која што сега е негирана, особено од нашиот источен сосед, нешто на кое треба остро да се спротивставиме и да држиме до она што се основни принципи на македонската државност. Го честитам празникот, посакувам на сите жители и граѓани во Македонија убав празник и да не заборават зошто го славиме и како треба да го славиме – рече Николоски од Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески им го честита празникот на прилепчани и истакна

“Овој ден го одбележуваме непокорниот дух на македонскиот народ. Прилеп е горд на тоа! Годинава одбележуваме и 50 години од доделување на орденот „Прилеп град херој.“ рече тој.

Историчарот, Рубин Белчески при оваа говорејќи за значењето на празникот истакна:

Првиот востанички истрел се случил во Прилеп 11 ти Октомври 1941 година, не бил само симболичен чин, напротив, тоа било автентично сведоштво на определбата на македонскиот народ и останатите народи кои живееле во Македонија, да се истрае на балканската ветрометина и да се биде на страната на антифашизмот со до 9 Мај до победата над фашизмот. Борбата кои што ја воделе борците од НОБ од 1041 година, била продолжување на револуционерниот од‘ на многу борбени генерации кои што во минатото низ разни буни и востанија се стремел за слобода и државност на Република Македонија. Да се потсетиме само на Првиот Илинден 1903, Вториот Илинден со АСНОМ 1944 за целокупната борба на тие генерации да го заокружат со 8 ми Септември 1991 година во која Македонија се сретна со самостојност и независност., рече историчарот Рубин Белчески, член на Боречката организација на Прилеп

Тој испрати и порака до младите, дека слободата и државноста на Македонија е стекната со 25 илјади жртви, а денешните генерации треба да го продолжат тој од‘ и да ја видиме Македонија на европски пат.

Свежо цвеќе на споменикот на Могилата на непобедените положија и делегации од здруженија на граѓани од Србија и Егејскиот дел на Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...

ЗОКУМ чести книги, а кафето е на ваша сметка

По повод Mесецот на книгата, Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ од Прилеп ја првпат спроведува  акција за подарување на книги на граѓаните на Прилеп. Станува збор за околу 250 книги од различни жанрови кои утре (8.11.2025)  со помош на учениците од ООУ ,,Климент Охридски” и ООУ ,,Кире Гаврилоски”...

(видео) ООУ „Добре Јованоски“ со реновирани и адаптирани простории за поквалитетно одржување на настава

Од руинирани простори до простории за квалитетно одржување на наставата-тоа е новина во ООУ Добре Јованоски, едно од најбројните училишта во Прилеп кои бори 1200 ученици. . Градоначалникот на Прилеп, кој го посети училиштето изрази благодарност до менаџментот на училиштето за нивната посветеност и соработка и најави продолжување со реализација...