Донирани производи за повредени во пожарот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во знак на почит и солидарност со повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претставници на компанијата „Лекер – Везешари“ од Тетово, доделија пакети со производи како поддршка за настраданите.

Претставниците на компанијата истакнаа дека оваа донација е израз на човечка грижа и солидарност.

Производите што ги доделуваме се само симболичен гест со порака дека постојано мислиме на нив. Веруваме дека заедништвото и поддршката се најпотребни во вакви моменти – изјавија од „Лекер – Везешари“. 

Градоначалникот Владко Грозданов упати благодарност до општествено одговорната компанија и нагласи дека Општина Кочани останува посветена на континуирана поддршка на повредените и нивните семејства.

Во овие тешки моменти најважно е да покажеме дека никој не е сам. Општина Кочани ќе продолжи со сите расположливи ресурси да им помага на повредените и на нивните семејства. Поддршката нема да изостане ниту сега, ниту во периодот што следува – истакна Грозданов. 

Општина Кочани и во наредниот период ќе продолжи да координира активности и иницијативи насочени кон помош и олеснување на последиците од несреќата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Одбраната не дозволува повлекување на трауматизирани сведоци, следуваат психијатриски вештачења

Ниту еден од шестемина предложени сведоци на Јавното обвинителство не се појави на  рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 220 беа повредени. Отсуството на сведоците беше образложено со различни причини – двајца одбиле да сведочат поради тоа што не можат повторно да ја преживуваат кобната ноќ,

Манастир „Добра вода“ – Оризари: Утре Света Литургија и црковно народен собир по повод Источен петок Балаклија

Со Утрена и Света Архиерејска Литургија и со голем собир и годинава се планира да биде одбележан празникот Источен петок Балаклија на манастирот „Добра вода“ во Оризари. Највено е присуство на Митрополитот Брегалнички Иларион. Исто така и денеска 16 април, четврток со почеток во 17 часот ќе се одржи Вечерна Богослужба. Првиот петок по Велигден

Кривична пријава за екс градоначалник од Делчево за тендери со фирма од Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по