Донирани производи за повредени во пожарот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во знак на почит и солидарност со повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претставници на компанијата „Лекер – Везешари“ од Тетово, доделија пакети со производи како поддршка за настраданите.

Претставниците на компанијата истакнаа дека оваа донација е израз на човечка грижа и солидарност.

Производите што ги доделуваме се само симболичен гест со порака дека постојано мислиме на нив. Веруваме дека заедништвото и поддршката се најпотребни во вакви моменти – изјавија од „Лекер – Везешари“. 

Градоначалникот Владко Грозданов упати благодарност до општествено одговорната компанија и нагласи дека Општина Кочани останува посветена на континуирана поддршка на повредените и нивните семејства.

Во овие тешки моменти најважно е да покажеме дека никој не е сам. Општина Кочани ќе продолжи со сите расположливи ресурси да им помага на повредените и на нивните семејства. Поддршката нема да изостане ниту сега, ниту во периодот што следува – истакна Грозданов. 

Општина Кочани и во наредниот период ќе продолжи да координира активности и иницијативи насочени кон помош и олеснување на последиците од несреќата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фалсификувале исправи, издавале лажни испратници – Кривична пријава за вработени во Национални шуми од Кочани и Пробиштип!

Кривична пријава против пет лица за неосвесно работење во службата, употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено

ИО „Ластовица“ го одбележа Светскиот ден на извидниците

Светскиот ден на извидниците е потсетник дека со заедништво и добра воља можеме да создадеме „Подобар свет“ кое вооедно е и мото на извидниците. На 22 февруари, во чест на роденденот на основачот на извидничкото движење, Роберт Баден Пауел, милиони извидници ширум светот се обидинуваат и ја негуваат идејата за пријателсво и солидарност кон заедницата

Граѓаните што треба да се промени во Кочани…

http://facebook.com/reel/1187542803216389/?s=single_unit