Доне Донев во ЦК „Бели мугри“ хуманитарно по 50 – ти пат ќе ја одигра претставата за Ченто

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Монодрамата „Да се убие себе во себе“ посветена на првиот претседател на Македонија, Методија Андоноб Ченто, професорот и креативец, Доне Донев,по 50 – ти пат, хуманитарно, ќе ја одигра в петок, 13 јуни во ЦК „Бели мугри“.

Доне Донев е просветен работник, поет, публицист, автор на драмски текстови, актер, режисер кој оставил неизбришливи траги за Кочани, градот во кој живее до денеска. 

Автор е на драмата Земјата на зографите (прикажана на РАДС 1982 за која е добиена награда за колекективна игра), на стихозбирката Босилек (издание на „ Студентски збор “ -1987) како и на пет монодрами. 

Последната Ченто” (како поднаслов „ Да се убие себе во себе “ – 2012) е  инспирирана од ликот на еден од најголемите синови на Македонија, првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЗА ЕДЕН ЧАС Е ПРОДОЛЖЕНО РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА УГОСТИТЕЛИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД – ЗАКЛУЧНО СО 31. АВГУСТ

Во летниот период се пролонгира работното време на угостителите за еден час повеќе, односно тие секој ден од неделата може да работат до 1 часот по полноќ, заклучно со 31 август. Доколку граѓаните забележат поголема бучава по дозволенто време за  работа тоа може да го пријават кај овластениот инспектор за животна средина во општината. Исто

В понеделник истекува рокот за отстранување на доградбите во ГТЦ

В понеделник, 16 јуни, истекува осумдневниот рок, кој им беше даден на угостителите да ги остранат диво изградените објекти. Доколку тоа не го напрват согласно датумот, следува присилно рушење на објектите. Општина Кочани за оваа намена склучи договор со фирмата „Политехна Компани ДООЕЛ Кочани“ во вредност од околу 848 илјади денари без ДДВ што Локалната

„Амфенол“ и „Еко оил“ обезбедија донација за изградба на патот за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање

Со договорот што неодамна го потпишаа Општина Кочани, „Амфенол технолоџи Македонија“ и „Еко оил“ се очекува наскоро да започне постапката за изградба на пат за поврзување на месноста Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање. Со договорот за соработка, донација и кофинансирање на Општината, кој се однесува на подобрување на патната инфраструктура, компанијата