Долготрајната реконструкција на улиците кај Градскиот пазар во Кочани – предизвикува револт кај граѓаните – Дали работите, конечно тргнаа од место???

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Околу осум месеци се реконструираат 785 метри од улицата „Борис Трајковски“, како и 690 метри од улицата „Гоце Делчев“.

Градежните работи почнаа на 11 март годинава, а граѓаните кои живеат на овој дел од градот, прашуваат кога ќе заврши рехабилитацијата на овие две улици.

Жителите кои не сакаа да зборуваат пред камерата на Радио Кочани посочија дека секојдневното функционирање и пристап до своите домови е отежнат, повеќе од потребното време за реализација на проектите.

Екипа на Радио Кочани беше на терен и констатиравме дека конечно работите се одвиваат како што треба да се работи, односно поставени се бехатон плочки,  во моментот се врши гребење на асфалтната маса на „Борис Трајковски“, додека пак целосно е отстранет асфалтот на дел од „Гоце Делечев“ и се врши тампонирање.

Во текот на летниот период, едвај се гледаа тројца работници за две улици, коментираат граѓаните.

Поради реконструкција на улиците, сообраќајот се одвива по улиците „Раде Кратовче“ и „Цар Самоил“, каде, исто така и таа е во лоша состојба, а тоа го докажуваат и снимките.

Изведувач на работите е градежната фирма „Ескаваторе“, инвеститор е Министерството за транспорт и врски, со средства обезбедени од Светска банка.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео