Доделени наградите за најдобрите детски цртежи од ликовниот конкурс на Фондација Рудник САСА

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во пријатна и топла атмосфера, во Македонска Каменица се одржа завршниот настан и свеченото доделување на наградите за најдобрите 12 детски цртежи од годинашниот ликовен конкурс „Рудникот и градот – низ времето и имагинацијата“, штого реализираше Фондација Рудник САСА.

На конкурсот годинава се пријавија 90 деца на возраст од 5 до 15 години, жители на општина Македонска Каменица, како и деца на вработените во САСА. За првпат, наместо цртежите да се изработуваат индивидуално, децата твореа во рамки на организирани креативни ликовни работилници, под менторство на локален ликовен уметник – педагог. Овој нов пристап им овозможи полесно да ја изразат својата имагинација, да се инспирираат едни од други и да ја прикажат својата визија за рудникот, градот и заедницата.

Независна комисија составена од надворешни експерти ги избра најдобрите 12 цртежи, кои најсилно ја отсликуваат поврзаноста меѓу рудникот, природата и секојдневниот живот на жителите. Авторите на избраните дела добија парични награди, а сите учесници беа наградени со благодарници и сетови за цртање и сликање, како охрабрување да продолжат да го развиваат својот талент и љубовта кон уметноста.

Најуспешните цртежи ќе бидат објавени во официјалниот календар на Рудник САСА за 2026 година, како и во други изданија посветени на младите таленти и локалната заедница.

Од Рудник САСА истакнуваат дека конкурсот, кој се организира по четврти пат, претставува значајна иницијатива за поддршка на детската креативност и за зајакнување на врските помеѓу рудникот и Македонска Каменица. Фондацијата најавува дека и понатаму ќе продолжи да инвестира во активности кои го поттикнуваат талентот, учењето и заедништвото меѓу најмладите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Осум години прв избор – „Лакшари Тихи Бубе“ за најубавиот 8-ми Март!!!

Осми март – денот кога љубовта, почитта и благодарноста се подаруваат со цвеќе! За најубавите жени во вашиот живот – изберете го најубавото од Цвеќара Лакшари Тихи Бубе! Веќе 8 години – прв избор за свежина, стил и квалитет. Најголем избор на свежи цвеќиња, раскошни букети, елегантни цветни аранжмани и специјални осмомартовски изненадувања – подготвени

ЦРВЕН КРСТ ЈА ЗАВРШИ ФИНАНСИСКАТА АКЦИЈА: Исплатени последните средства за настраданите од пожарот во „Пулс“

Црвениот крст на Македонија информираше дека на 27 февруари 2026 година е реализирана последната етапа од исплатата на финансиска помош наменета за лицата кои настрадаа во трагичниот пожар во Кочани. Со ова се заокружува процесот на директна парична поддршка, но хуманитарната мисија продолжува преку други форми на грижа. Детали за последната исплата Финалната распределба на