Доделени над 500 хектари државно земјоделско земјиште на прилепските земјоделци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Прилеп доделени 192 договори на земјоделците, со вкупна површина околу 500 хектари. Ова земјиште се распределува по последниот јавен повик од јануари годинава, информираше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и посочи дека интересот да се стави во функција државното земјоделско земјиште е голем. На последните пет јавни повици лани и годинава биле распределени околу 6 000 хектари во целата земја и се склучени 2 100 договори со македонските земјоделци.

-Ставањето во функција на сето слободно земјоделско земјиште е во насока да ја зголемиме продукцијата на земјоделското производство. Нормално дека овие 6 000 хектари кои се ставени во функција и кои претходно не биле обработувани ќе придонесат во вкупното земјоделско производство. Меѓутоа ние тука не застануваме. Продолжуваме наредниов период да имаме посериозни огласи кои ќе ги објави Министерството со веќе подготвени слободни земјоделски површини, изјави Трипуновски.

Дополни дека министерството последните месеци спровело контроли за претходната распределба на земјиштето. При случаи на злоупотреба, како што рече, се одзема и се прераспределува.

-Најдовме злоупотреби, договорите се раскинати, земјиштето е ослободено. Изминативе месеци се работеше на ослободување од корисничкото право и веќе наредниов период ќе може и тоа земјиште да го ставиме во функција. Ќе им дадеме предност на сточарите за развивање на сточарското производство, рече Трипуновски.

Земјоделците од Прилепско главно површините ќе ги засадат со тутун и сметаат дека е најисплатливо. Што се однесува до производството на пченицата, на прагот на жетвата, според Трипуновски родот е добар, но сѐ уште не е одредена цената на лебното зрно.

-Според податоците, имаме околу 70 000 хектари засеани со пченица. Засега годината е добра, науката вели дека имаме добри површини и очекуваме солиден род на лебно жито. Како министерство интензивно работиме во поглед на цената, на  потребите за стоковите резерви и во соодветниот период ќе излеземе со конкретни информации. Во постојана комуникација сме и со здруженијата и со федерацијата за тоа што го креираме како мерка да биде прифатено од сите. Наскоро ќе се знае цената на пченицата, рече Трипуновски.

Министерот за земјоделство денеска во Прилеп направи увид во новите простории на подрачната единица кои сега се во зградата на Подружницата на водостопанство „Прилепско поле“.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...