Добрила со Чалгија саунд систем ќе гостува во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ на 14 јуни 2025/ сабота/ од 20.00 ч.  целовечерен концерт ќе одржи групата „Чалгија саунд систем“. Влезот за концертот е слободен.

Бендот Чалгија саунд систем постои од 2008 година со една цел: да
истражува низ оставнината на македонската музика, да ги открие нејзините скриени тајни
и звуци и да се вложи одржувајќи ја во добра форма македонската чалгија без да се
изневери традицијата. Во таквото музицирање и растење, Чалгија саунд систем како да ја откри најважаната тајна која ја носи во себе чалгијата – а таа е одлепувањето од индивидуализмот и залепувањето за заедничкото убаво и добро.

Бендот првиот албум  го објави  во 2010 година со истоимен албум во кој беа без
никакво двоумење отсвирени и отпеaни некои од најубавите македонски чалгиски песни.
Созревајќи, во 2019 год, бендот го издаде својот втор албум именувајќи го „Тихувај“ како
провокација за авторски поглед на нова чалгија во која беа вметнати современи звуци.
Летото 2023 Чалгија саунд систем направи омаж на еден од последните охридски
трубадури – Климе Садило изведувајќи ги неговите незаборавни виолински делници без
никакви додавки или преаранжирања положувајќи го тестот на строгата охридска публика.

Чалгија саунд систем е бенд кој уште од почетокот наиде на одличен прием во
Македонија остварувајќи со тоа огромен број концертни настапи насекаде.
Но Чалгија саунд систем ги пренесува звуците на чалгијата и низ светот одржувајќи
концерти во Турција, Грција, Србија, како и на еден од најголемите фестивали на музика
на светот во Рудлштад, Германија каде во 2022 година ја делеше сцената со најголемите
ѕвезди на балканските и светските простори, што од жанрот ворлд музика, што од
рокенрол фелата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во тек повикот за две мерки за самовработување од Оперативниот план 2025

Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7.000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29...

Во ноќните часови се степали посетител на Прилеп и група прилепчани

Меѓусебната физичка пресметка на улица, меѓу посетители на Прилеп и група прилепчани, завршила со интервенција на полицијата. Синоќа (08.06.202)  во 21.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески”  В.Д.(37) од с.Чардаклија, штипско, Џ.Д.(40), М.Д.(41), двајцата од Скопје, В.Д.(29), Б.Д.(22), Д.С.(47) и М.В.(24), сите од Прилеп, го нарушувале...

Сообраќајна незгода и на патот кон манастирот „Трескавец”

Во 13.25 часот во ОВР Прилеп, вчера (08.06.2025) било пријавено дека на патот – манастир „Трескавец”, на место викано „Под манастир“, се случила сообраќајна несреќа. Несреќата се случила помеѓу патничко возило „кадилак“, со американски национални ознаки, управувано од З.К.(42) од Република Србија, со привремен престој во Прилеп и мотоцикл „хамачи“...