До средината на јануари се очекува потпишување на договорот за изградба на дом за стари лица во општина Кочани, најави заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
Проектот ќе се реализира со поддршка на Владата, преку средствата од вториот повик за користење финансии од унгарскиот заем.
Според Велковски, изградбата на старечки дом во Кочани е дел од поширока стратегија за проширување на капацитетите за грижа за стари лица на национално ниво.
Во Источниот плански регион, засега функционира само домот за стари лица во Берово, чиј капацитет не ги задоволува потребите на граѓаните од регионот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









