До крајот на работниот век во Комфи Ангел – четворица работници започнуваат ново животно поглавје

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пензионирањето е ново поглавје во животот на човекот.Тоа е периодот кога завршува работникот век, но почнува нова можност, за нов начин на обликување на животот. А,  лојалните работници, оние кои остануваат до крајот на својот работен век во компанијата,  преставуваат двигател на успешноста на компанјата. Тие се оние вредни и етички корекни луѓе , кои  создаваат можност за подобрување на работата,  им помагаат на колегите и помагаат во успехот на компанијата. Но, и создаваат можност да се вработат нови генерации.

Секој работодавач и претприемач посакува да има лојални работници во неговиот тим. А, такви работници веќе 20  години “гради“ компанијата Комфи Ангел, па од оваа комапнија, работниците , не заминуваат – туку оттука одат среќни во новото поглавје од нивниот живот – пензионирањето.

Денес, компанијата се збогуваме со  уште четворица работици –

“ но уште поважно, четворица посветени и ценети членови на нашето големо Комфи Ангел семејство. Иако, ќе ни недостасуваат нивното присуство, искуство и ведар дух, искрено се радуваме што започнуваат ново, заслужено животно поглавје – исполнето со мир, слобода и уживање во плодот од нивниот труд“ велат од компанијата.

Од сѐ срце им благодариме за нивната искреност, трудољубивост и посветеност со која секојдневно придонесуваа за растот и успехот на нашата компанија. “ велат оттаму.

Менаџерскиот тим на  компанијата им се заблагодари за нивниот долгогодишен работен век  и верба во компанијата , за нивната чесност и етичка работа, со кои придонеселе за квалитетна и ефикасна работна атмосфера,  и што со нивниот труд и лојалност создале услови и можности за вработување на нови млади генерации.

“Од целото Комфи Ангел семејство, им посакуваме: Најпрво – добро здравје, Многу моменти исполнети со радост, Време поминато со најмилите, И уживање во сите нешта што ги прават среќни“ стои на официјалната ФБ страна на Комфи Ангел, со која им се заблагодарува на пензионираните работници од нивниот тим

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Театарски белешки (8): Народен театар

Деновиве  добивам коментари во врска со мојата претходна, седма театарска белешка, во која ги изнесов моите впечатоци за претставата „Рацин“ во изведба на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Голем дел од напишаните или изречените коментари се на иста линија со мојот изнесен став, неколку коментари беа целосно...

Изложба „Уметност во простор“ од Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска

На 13 јуни 2025 г. / петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска. „Апстрактната уметност не постои. Секогаш мора да започнеш од нешто. После можеш да ја отстраниш целата видливост, но не...

Спиркоски: Ниту зголемените цени не ги извадија прилепските јавни претпријатија од кал

„Четири годишното владеење на локално ниво на ВМРО ДПМНЕ во општина Прилеп прерасна во кошмар. Ниту зголемените цени не ги извадија јавните претпријатија од кал – долговите достигнаа 1.5 милиони евра,“ посочи меѓу другото на прес конференција Марко Спиркоски од ОО на СДСМ Прилеп: „На прилепчани им ветија пониски сметки...