До каде е изградбата на автопатот Прилеп-Битола?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

“До каде е изградбата на патот Прилеп-Битола?„- на ова прашање денеска одговараше, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски,  за  изградбата на автопатиштата во државата

„Што се однесува до автопатот Прилеп-Битола, можам да кажам дека до крајот на
овој месец повеќе од 85% од трасата ќе биде, од аспект на имотно-правни односи, завршена и од аспект на истраги, кои што се поврзани со пронаоѓање на
експлозивни направи, исто така испитана и завршена. Но, она кое што за мене е
важно, е дека се следи тој рок, се забрза, за разлика од состојбата од пред
една година кога беше до никаде. Сега можам да кажам дека веќе, последното кое што го разговаравме со изведувачите е дека дваесетина километри фронт е отворен и се работи. И, мислам дека тука ќе биде испочитуван, би рекол, оној рок кој
што е дел од договорот.

Мицкоски истакна дека не е задоволен од динамиката на изведувањето на работите на влезот од Битола

Што се однесува до влезот, морам објективно да кажам дека и покрај сето она што го прави општината, за жал, не сум задоволен од динамиката на изведување на
работите. И, ова е порака пред сè до изведувачот, затоа што имаме уште 7-8
месеци до рокот, а не е ни триесетина проценти од тоа што е договорено,
завршено. И, очекувам да се забрза таа динамика и да се испочитува рокот,
бидејќи тоа предизвикува, нормално непријатно чувство и фрустрација кај
битолчани, наместо еден проект кој што е децениски ненаправен досега, да сите
заедно се радуваме кога се гради и да се гради во рамките на динамиката. Тоа
што можев да го видам, не соодветствува со тоа кое што треба да биде динамика и лично ќе го следам развојот на овој проект.“- рече премиерот Мицкоски кој
денеска беше во посета Битола

Проектот за изградба на автопатот Прилеп-Битола од околу 40 километри напредува, со активни градежни работи . Според надлежните, се очекува оваа делница  да биде готов за три до три и пол години.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...