До 10 илјади евра помош на млади земјоделци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша Јавен повик за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“. Како што објасни министерот Цветан Трипуновски, јавниот повик е наменет за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, кои што за првпат започнуваат со земјоделска активност, преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

– МАКСИМАЛНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ПО КОРИСНИК ЗА МЕРКА 112 ИЗНЕСУВА 600.000 ДЕНАРИ, ОДНОСНО 100% ОД НАПРАВЕНИТЕ ТРОШОЦИ. КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊАТА Е 9.5.2025 ГОДИНА. ЗАЕДНО РАБОТИМЕ ДА ГО ВРАТИМЕ МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПОВТОРНО ДА БИДЕ ЕДНО ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ГРАНКИ – ВЕЛИ ТРИПУНОВСКИ.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците