Директорот на ЈКП Пазари си даде оставка – Седница на Совет на Оптшина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Диркторот на ЈКП Пазари – Прилеп си даде оставка од функцијата менаџер на ова јавно комунално , претпријатие, а денеска на дневен ред на Совет на Оптшина Прилеп беше предлог- одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ова јавно претпријатие, за 2025 година.

Седницата започна со барање на советничката група на опозицијата да се надополни дневниот ред со точка за инфорамција за финансиската состојба на јавните претпријатиа од Општина Прилеп, што со мнозинството гласови не бше усвоена.

Кога ќе дискутираме по ова прашање ако не денеска? Кога ќе завшри мандадот? А, потрошивте 100 илијади евра за нула проекти и ги доведовте овие јавни претпријатија да бидат со вакви загуби “ се обрати од говорницата, советникот Александар Китаноски, посочувајќи ги сумите на загуби на секоје јавно комунално претпријатије и критикувајќи го работењето на секоја јавно претпријатие, поединечно.

Првата точка од дневниот ред , извештај на Буџетот на Општина Прилеп за периодот од 01.012 2025 година до 31 март 2025 година веднаш наиде на низа дискусии и дебати  во кои советниците „опозиционери“ ја критикуваа власта за нереализирани проекти, а образложение за реализацијата и планирањето дадваше раководителот за финасии на ЛС на Општина Прилеп и координаторот на советничкат  група на ВМРО ДМПНЕ.

Советниците дадоа согласност за годишниот план за измена и дополнување за вработување за 2025 година на ЕЛС на Општина Прилеп, а дадоа согласност и за годишните планови за  вработување во 2026 година во : ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ Прилеп,  СОУ „Орде Чопела“-Прилеп, ООУ „Рампо Левката“-Прилеп, ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, СОУ “Орде Чопела“, ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани-Прилеп и  ООУ „Страшо Пинџур“с. Мало Коњари-Прилеп.  Советниците го прифатија  финансискиот план за новоотворена сметка за проектот Еразмус+ на ООУ „Блаже Конески“-Прилеп, прифатија именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ова училиште и дадоа позитивно мислење на Статутот на ООУ “Рампо Левката” – Прилеп.

Со мнозинство гласови беше усвоен и поднесениот тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’- Прилеп ( 01.01.2025 година до 31.03.2025 година) а беа именувани и нови членови на надзорниот орган на оваа институција, а едногласно беше прифатен и годишниот и финансискиот извештај за работа на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески“- Прилеп.

Со воздржување на дел од гласовите беше прифатена одлуката за кофинансирање на проектот “Подобрување на противпожарната заштита во пелагонискиот региони при набавка на противпожарни возила за ТППЕ- Прилеп, програмите за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп за 2025 година и програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2025 година.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Mу го украл пиштолот на полицаецот додека го апселе

Полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, на 28.04.2025 во 15.47 часот биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел  службениот пиштол  на еден од полициските службеници, и се дал во бегство....

Курсеви за биоградинарство – пионерски чекори на прилепскиот Работнички универзитет

Една од најважните вештини е како да се произведе храна. Денес уште поважно е да се произведе здрава храна, за себе, за семејството, а доколку има вишок и за продажба. Тоа е една од основните причини зошто Работничкиот универзитет ,,Пере Тошев“- Прилеп прв пат организираше и спроведе обука за Градинарство...

Стеванче Јорданоски избран за претседател на Национална федерација на фармери

Управниот одбор на Националната федерација на фармери (НФФ), на изборната седница на Генералното собрание на здружението, за нов претседател на НФФ го избра Стеванче Јорданоски, долгогодишен член на организацијата и земјоделец од прилепското село Мажучиште. Јорданоски  е земјоделец кој се занимава со производство на пченица, тутун, градинарски култури и одгледување...