Директорот барал 100 000 евра, добил прва рата од 50 000 и затвор!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев побарал мито од 100.000 евра за да му дозволи на увозник да внесе во Македонија производи за кои има забрана за влез и кои не се во согласност со македонските прописи. Синоќа, полицијата го уапси информираат од Министерството за внатрешни работи:

„На 20.03.2026 полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода В.А.(41) од Кочани и против него до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична  пријава поради постоење на основано сомнение  за сторено кривично дело „примање поткуп“ по чл.357 од КЗ.
В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Имено, на оштетеното лице му било образложено дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник. Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра.
На 19.03.2026 извршено е примопредавање на предметните парични средства во износ од 50.000 евра како прва рата од побараниот поткуп, при што истите првично од оштетеното лице ги презема шпедитерот, со цел подоцна да ги предаде на В.А.. По земањето  на парите од страна на В.А., преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Заврши зимата – календарски започна пролетта

Во 15:46 часот, денеска 20 март, заврши зимата и започна пролетта, а само 9 дена,  на 29 март ќе се поместат и стрелките на часовнкот,за еден час понапред, со започнување на летното сметање на времето. Долгоочекуваниот крај на зимата пристигна, но метеролозите најавуваат дека за викендов  и идната недела сеуште...

Целосно изгаснат пожарот на депонијата Алинци

Нема повеќе пожар на депонијата во Алинци. По тридневни акции на прилепските пожарникари екипи од јавните претпријатија, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за заштита и спасување, општествено одговорни компании,  совладан е огнот за кој се стравуваше дека ќе се прошири врз останиот дел од депонијата. Зачестеноста од појавувањето на пожари на градската...

Пожар пеплоса 4 мотоцикли пред магацин во Прилеп

Синоќа, на паркинг пред магацин од фирма во Прилеп изгореле 4 мотоцикли сопственост на фирмата. Прилепските пожарникари го изгаснале пожарот, настаната е голема материјална штета, информираат од СВР Битола: