ДИК со ждрепка го утврди редоследот на гласачкото ливче за локалните избори

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница со ждрепка го утврди редоследот на гласачкото ливче за претстојните избори за градоначалници и за советници, односно редниот број под кој ќе настапат парламентарните, вонпарламентарните партии и коалиции и независните листи на годинашните локални избори.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи коалицијата „Твоја Македонија“, е под реден број 9, а опозицискиот СДСМ ќе се најде на редниот број 5 на гласачкото ливче,

Листата на првите девет броеви на гласачкото ливче :

Коалиција „Искуство за успех“
Движење за наша Македонија (ЗНАМ)
Демократска партија на Србите во Македонија
Коалиција „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ)
Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ
Левица
Коалиција ВЛЕН
Коалиција за зелена иднина
Коалиција „Твоја Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ

На првите девет места од гласачкото ливче се наоѓаат парламентарните партии и коалиции, редните броеви од 10 до 33 ќе ги заземат вонпарламентарните политички партии и коалиции, а независните кандидатски листи на гласачкото ливче ќе бидат на редните броеви од 34 до 153.

Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот изборен круг на 2 ноември.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп добива директна комуникација со градоначалникот – Проданоски започнува средби со граѓаните

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нова иницијатива за директна комуникација со граѓаните преку редовни, отворени средби што ќе се одржуваат секој четврток од 10:00 часот во просториите на општината. Како што соопшти Проданоски, секој жител на Прилеп ќе има можност лично да разговара со градоначалникот и да ги...

Во атарот на с.Рилево мечка нападнала човек кој собирал печурки во шума

Возрасен маж е тешко повреден откако вчера претпладне бил нападнат од мечка во атарот на село Рилево, општина Долнени. Нападот се случил околу 10:00 часот наутро, додека мажот собирал печурки во шумскиот предел. Од нападот на животното, тој се здобил со тешки телесни повреди. Повредениот бил забележан од ловџии кои...

(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Последните чекори во процесот за заокружување на реколтата 2025 та е пред крај. Наредната недела во Институтот за тутун ќе бидат верифицирани мострите и во зависност од интересот на компаниите откупот може да почне. Интересот за преземање на реколтата е историски најголем досега со оглед на бројот на ваги на...