Џафери: Ромите се нераскинлив и природен дел на нашето општество

Оригинален линк на написот: Text.mk

По повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка до припадниците на ромската заедница во државата.

„Почитувани граѓани, припадници на Ромската заедница,

Со големо задоволство упатувам до вас во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име честитки по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

8 Април е ден којшто го одбележуваме во ваша чест драги сограѓани Роми, затоа што и вие, како и сите граѓани, сте нераскинлив и природен дел на оваа држава и општество. И вие, заедно со сите граѓани ги чувствувате и благодатите, меѓутоа и тешките денови и ситуации кои ги носи животот. Придонесувате со тоа што можете, се трудите да се подобрат состојбите во секоја сфера и се посветувате кон обезбедување на подобра иднина, за нашата заедничка држава, за нашето општество и за нашите идни поколенија. Притоа, го вложувате вашиот единствен и уникатен карактер, вашата харизма, позитивност и бестрашност. Овој ден, е признание и потврда од страна на државата, институциите, вашите сограѓани и општеството во целост дека и вие сте суштински дел од цел овој контекст.

Како Влада, преку усвоената Национална стратегија за Роми која е дел од јавните, државни политики, преземаме мерки во конкретни области за да обезбедиме основа за ваша целосна и вистинска интеграција, затоа што само тогаш, кога и самите ќе бидете дел од системот, ќе можете да го направите најдоброто, првин за себе, потоа и за општеството и државата. Тука е клучно образованието, кое е најдобра инвестиција во растот и развојот на младите кои се иднината на државата, и на светот. Затоа, бидете мудри, бидете упорни, чекорете храбро и сигурно кон светлината што се појавува кога ќе се просветли умот. Само тогаш ќе може да излезе на светло и вашиот вистински и оригинален потенцијал којшто се разликува од сите други.

Наша обврска како држава и државни институции е да бидеме до Вас во секој чекор напред.

Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!

Bahtalo Maškarthemutno Dive e Romengo – 8 April!“

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Воденица 3 и водениците што ја мелат државата

Пишува: Наташа Доковска Во Дурачка Река има една воденица. Не онаа старата што мелела жито, туку модерна верзија – кафеана со симболично име „Воденица 3“. А таму, според она што го доживеав, не се мелат само скара и салати, туку понекогаш и закони, институции и здрав разум. Приказната почнува сосема обично. Седнуваш, нарачуваш, јадеш и The post Воденица 3 и водениците што ја мелат државата first appeared on Text.mk.

Wizz Air: Ерата на ултраевтините авионски билети во Европа завршува

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија  Wizz Air⁠ предупреди дека цените на авионските билети во Европа би можеле да пораснат поради новите правила за правата на патниците што ги усвои Европскиот парламент. Според компанијата, овие измени ќе ги зголемат трошоците за авиопревозниците и ќе ја намалат можноста патниците сами да избираат за кои услуги ќе плаќаат. Wizz Air The post Wizz Air: Ерата на ултраевтините авионски билети во Европа завршува first appeared on Text.mk.

Четврто издание на фестивалот „Credence Dance – Вечери на класичен и современ танц“

Четвртото издание на фестивалот „Credence Dance – Вечери на класичен и современ танц“, во организација на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи од 20 до 26 јуни во Скопје. Во рамките на четирите фестивалски вечери ќе биде претставен широк спектар на танцови форми – од класичен и современ The post Четврто издание на фестивалот „Credence Dance – Вечери на класичен и современ танц“ first appeared on Text.mk.