Детскиот карневал “Прочка“ ја најави и разбуди магијата под маски во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Детскиот карневал Прочка 2026 ги воодушеви посетителите и како предвесник го најави утрешното карневалско збиднување во Прилеп. Традиционалното македонско оро и народната носија, весели танчарки, домино група, балетска група, пчелички … забавно, разиграно, весело, придружувани со многу насмевки со одлично расположение и аплаузи од публиката во центарот на Прилеп продефилираа над 200 учесници.

Со голема креативност, иновативност, колоритност, со автентична кореографија, ученици од сите училишта во Прилеп, со своите костими и извонредни маски го брануваа градот со весел дух, насмевка и воодушевување. Прилеп беше почестен од убавината и извонредноста на карневалското детско дефиле.

Утре, пак, од 13 часот во центарот на Прилеп ќе се случи главното карневалско дефиле кое оваа година е збогатено со групни и поедиечни маски кои доаѓаат од земјава и од странство. На карневалот е најавено и присуството на Претседателот на Европските карневалски градови, а најавени се и ножни карневалски дружби во прилепските кафулиња и кафетерии. Утре Прилеп продолжува да живее под маска.

Вечерта маските се симнуваат, а младите бараат прошка од старите како вековна традиција на помирување и започнување на нов живот со почит.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...