Детскиот карневал Прочка 2026 ги воодушеви посетителите и како предвесник го најави утрешното карневалско збиднување во Прилеп. Традиционалното македонско оро и народната носија, весели танчарки, домино група, балетска група, пчелички … забавно, разиграно, весело, придружувани со многу насмевки со одлично расположение и аплаузи од публиката во центарот на Прилеп продефилираа над 200 учесници.
Со голема креативност, иновативност, колоритност, со автентична кореографија, ученици од сите училишта во Прилеп, со своите костими и извонредни маски го брануваа градот со весел дух, насмевка и воодушевување. Прилеп беше почестен од убавината и извонредноста на карневалското детско дефиле.
Утре, пак, од 13 часот во центарот на Прилеп ќе се случи главното карневалско дефиле кое оваа година е збогатено со групни и поедиечни маски кои доаѓаат од земјава и од странство. На карневалот е најавено и присуството на Претседателот на Европските карневалски градови, а најавени се и ножни карневалски дружби во прилепските кафулиња и кафетерии. Утре Прилеп продолжува да живее под маска.
Вечерта маските се симнуваат, а младите бараат прошка од старите како вековна традиција на помирување и започнување на нов живот со почит.









