Дете пронајдено во безсознание во базен од дворот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 20.07.2025 околу 20.30 часот во ПС Прилеп од страна на доктор од Општата болница “ Борка Талески” било пријавено дека кај нив било донесено едноипол годишно дете, кое според кажаното од неговите родители С.И. и Б.Т. од с.Заполжани, општина Долнени, го пронашле во базен во нивниот двор во безсознание. На детето му е укажана помош во прилепската болница, по што е пренесено во Клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Следува екстремен топлотен бран, бидете внимателни

Под влијание на топол бран до сабота (26.07) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули. Во Пелагонија максималните температури ќе се движат од...

Гори на Радобилски рид, во Македонија активни 6 пожари

Денеска до 14:00 часот Центарот за управување со кризи информира дека  се евидентирани вкупно 9 пожари на отворен простор, Во прилепско активен е пожарот на потегот помеѓу селата Царевиќ, Смолани и Радобил, на локацијата позната како Радобилски Рид. Таму пламените јазици проголтаа мешана шума и нискостеблеста вегетација, а теренот дополнително...

Заврши Пивофест 2025-Тајзи: Вечерва е доказ дека Македонците си ги сакаат македонските артисти!

Настапот на Тајзи вечерва, на  третата и последна вечер на Пиво фестивалот во Прилеп,  навистина беше сведочење дека покрај сите тешки услови, македонските артисти не само што создаваат одлична современа музика, туку и беспрекорно владеат со сцената, срдечно се однесуваат со обожавателите и имаат респект кон своите колеги. Буквално, како...