Депонирана оставката во Општина Кочани на директорот на ОУ „Никола Карев“, Александар Андов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Директорот на ОУ „Никола Карев“ денеска ја депонираше своојата оставка во Општина Кочани, информираше градоначалникот Владко Грозданов на попладневната, втора прес конференција за денска.

Грозданов посочи дека веќе од утре ќе се бара нов в.д директор, со цел непречено одвивање на работата на образовната установа.

Тој додаде дека и училиштетео продолжува да функционира согласно законските прописи.

Оставката е примена во нашата институција под број 08-897/1 од 05.05.2026, односно денешниот датум. Од утре продолжуваме со разговори со вработените. За многу брзо ќе имаме нов в.д директор  при што образовниот процес продолжува со нормано функционирање. Никој не е над законот, нема да постапуваме никако друго освен согласно законските регулативи, изјави градоначалникот Грозданов

Решението за нов в.д директор би било внатрешно, однсоно на челната позиција би дошол некој од вработените,  но долколку не се најде, општината би постапила согласно сите законски правила и прописи!

Видео материјал:

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста

В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026. В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето. Матурантите ќе влезат

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка