Денеска во организација на фондацијата Прогресив Академија во Винчини Развојниот Центар – Виница се одржа првата „Прогресив лидерска конференција“.
Главната тема беше, Пристап до финансии за мали и средни претпријатија – тема клучна за секој претприемач што сака да ја реализира својата идеа.
Една од бројните панелисти на конференцијата беше и Биљана Митева – претседател на Македонско-Бугарската стопанска комора, која зборуваше за можностите и бенефитите за компаниите кои се членки на комората, како и за можностите за финансирање кои ги нуди комората за поддршката на претприемништвото во малите и средните претпријатија.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.