Денеска Радио Кочани доби известување (демант) од изведувачот ДПТУ „Енерџи Лукс“ во врска со изградбата на хидроцентрала на „Блатешница“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во врска со објавените написи и јавните изјави поврзани со изградбата на мала хидроцентрала на подрачјето на с. Блатец, должни сме да изнесеме официјално појаснување и демант на повеќе неточни и тенденциозни информации кои создаваат погрешна слика во јавноста.

Проектот се реализира врз основа на важечка концесија и соодветна документација издадена од надлежните институции на Република Северна Македонија. Сите постапки се водат исклучиво во рамки на законските процедури, со почитување на важечките еколошки стандарди и прописи. Ниту една активност не се презема спротивно на закон или без институционално одобрение.

Истовремено, при неодамнешен пристап до локацијата, нашиот тим беше изложен на сериозни вербални закани, блокади и агресивно однесување од организирана група лица, поради што интервенираше полиција. Сметаме дека ваквиот начин на дејствување не придонесува кон решение и создава непотребна тензија.

Со цел јасно информирање на јавноста, ги појаснуваме следните клучни точки:

Должина на цевководот
Во јавноста беше наведено дека цевководот ќе биде долг 3–4 километри.
Ова не е точно.
Реалната должина на цевководот изнесува 1,9 километри, согласно проектната документација и издадените одобренија.
Наводи за уништување на биодиверзитетот
Тврдењата дека проектот ќе го уништи биодиверзитетот не се поткрепени со факти.
По целото течение на реката, од левата и десната страна, постојат 5–6 долови и природни дотекувања со вода, кои продолжуваат да го одржуваат природниот проток надолу по течението. Овие води не се опфатени со цевководот.

Дополнително, локалното население користи отворен извор/цевка за вода за пиење. Како инвеститор, се обврзавме жителите да имаат обезбеден пристап до вода за пиење пред зафатот, со што водоснабдувањето нема да биде загрозено.

за каналот „Јагодици“
Беше изнесено тврдење дека поради турбината нема да може да се зафаќа вода во левиот канал за наводнување на полето Јагодици.
Ова исто така не е точно.

Хидроцентралата  (турбината -испустот е позиционирана 20–30 метри над левиот канал за наводнување каде водата можат да ја преусмеруват каде сакаат, а проектот е дополнително прилагоден со цел зачувување на потребите на локалното население. Поради овие прилагодувања, инсталираната моќност е намалена од првично планираните 860 kW на 606 kW, токму како компромис и во интерес на мештаните.

Нагласуваме:

Не сме против локалното население
Не сме против заштита на животната средина
Не сме против дијалог

Но сме против насилство, закани по живот и спречување на законски дозволени активности.

Жалиме што дел од јавните настапи добија тон на конфликт и што на одредени собири атмосферата беше непотребно ескалирана. Сметаме дека сите прашања треба да се решаваат институционално, со факти, стручни анализи и аргументирана дебата.

Го повикуваме и градоначалникот да ја разгледа состојбата.

Имаме доверба во него како човек од овој крај и веруваме дека може да придонесе кон разумно и балансирано решение.

Нагласуваме дека и ние сме луѓе од овој регион и нашата намера не е конфликт, туку реализација на проект во согласност со законите и со почитување на локалната заедница.

Подготвени сме за транспарентен разговор со сите засегнати страни и за дополнителни стручни појаснувања во врска со влијанието на проектот врз водоснабдувањето и животната средина.

Апелираме јавната дебата да се води со факти и во институционални рамки.

Со почит,
ДПТУ Енерџи Лукс

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ТОП БАЗАР вработува доставувачи

За потребите на компанијата, ТОП БАЗАР вработува доставувачи (дистрибутери) на производи. При ангажирањето за наведена работна позиција предност имаат оние што поседуваат возачка дозвола од „Ц“ категорија. Сите потребни информации можат да се добијат на телефон: 075 213 061 или во седиштето на фирмата што се наоѓа во Зоната на лесна индустрија во Кочани.  

Ново во Кочани – „Бургер Дистрикт“

Градот доби ново современо место за љубителите на добар бургер. „Бургер Дистрикт“ свечено започна со работа, носејќи свеж концепт и богата понуда што одговара на сите генерации. Во менито се вклучени класични и смеш бургери, пилешки бургери и крцкаво пржено пилешко, подготвени од свежи и внимателно одбрани состојки. Посебен акцент е ставен на вкусовите што