Денеска Кучичино – Центар на случувањата по повод Свети Трифун

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денес, 14 февруари, селото Кучичино беше центар на случувањата, по повод традиционалното одбележување на празникот Свети Трифун.

На сред село, свештено лице од Македонската Православна Црква (МПЦ) изврши закројување на лозјето, кое се смета за симболичен чин што ја означува подготовката на лозјата за новата винска сезона.

Во рамки на овој чин, свештеникот ги благослови производителите на вино и ракија, посакувајќи им успешно и плодно 2025 Лето Господово.

Жителите на Кучичино за Радио Кочани го споделија своето искуство за овој важен и значаен настан, кој се одржува секоја година и е дел од старите традиции на македонскиот народ.

Како што истакнаа, Свети Трифун претставува ден кога не само што се оддава почит на заштитникот на лозарите, туку и се потврдува важноста на лозарството.

На манифестацијата присуствуваа голем број гости од регионот, но и пошироко, кои беа воодушевени од атмосферата и традицијата.

Својата магија и празничен дух ја донесе и македонската естрадна ѕвезда Стојне Николова, која со своите изведби на македонски песни создаде незаборавна атмосфера и направи забавата уште поубава.

И оваа година, на манифестацијата беше упатена важна порака до сите верници да се вклучат во донаторската кампања за доизградба на храмот посветен на светецот Свети Трифун, кој треба да биде духовен центар за верниците од селото и околината.

Овој традиционален настан и оваа заедничка прослава се потсетник на значењето на заедништвото, духовноста и зачувувањето на старите обичаи, кои продолжуваат да живеат во срцата на луѓето во Кучичино и низ Македонија.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка