Денеска е строг пост – Се одбележува празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“, според народни верувања, се јаде само посна, едноставна храна

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Православните верници денес, на 11 септември, го одбележуваат празникот „Отсекување на главата на свети Јован Крстител“. Во црковниот календар овој ден е означен како време на строг пост и молитва

Во текот на годината црквата му посветува шест празници на свети Јован, а денешниот е поврзан со неговото маченичко страдање и неправедната смрт.

Свети Јован бил затворен поради тоа што се спротивставил на неправедните дела на тогашниот владетел на Галилеја – Ирод Антипа. Според библиското предание, Ирод бил оженет за ќерката на арапскиот кнез Арета, но ја напуштил за да ја земе Иродијада, жената на својот брат Филип. Јован јавно го осудил овој грев, поради што бил фрлен во зандана.

На една гозба организирана од Ирод, пред присутните настапила Салома – ќерката на Филип и Иродијада. Занесен од нејзиниот танц и опиен од виното, владетелот ветил дека ќе ѝ исполни каква било желба. По совет на својата мајка, девојката ја побарала главата на Јован Крстител. Така, светецот бил погубен, а неговата отсечена глава на чинија му била донесена на Ирод.

Учениците на Јован тајно го зеле неговото тело и го погребале со чест, додека главата останала кај Иродијада. Според преданијата, таа со злоба го прободела јазикот на светецот и ја закопала главата на нечисто место.

Во народните верувања овој ден е поврзан со пост и воздржување: Се јаде само посна, едноставна храна, а многумина избегнуваат да јадат од чинија или да консумираат храна со црвена боја. Според црковните канони, доколку празникот се падне во работен ден, верниците постат строго, додека ако е за време на викенд, дозволено е да се користат масло и вино.

– Се сметало и дека на овој ден не треба да се работат тешки работи, а во минатото луѓето собирале лековити треви, верувајќи дека токму денес тие имаат посебна сила за здравје.

Празникот особено свечено се прославува во манастирот „Св. Јован Бигорски“, кој е посветен токму на овој голем светец и пророк. Така што во пресрет на главната манастирска слава на Бигорската свештена обител, во спомен на отсекувањето на чесната главата на светиот пророк, претеча и крстител Господов Јован – нашиот небесен закрилник и застапник, манастирот ги кани сите православни христијани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

КПС „Осоговски Орел“ ја реализираше зимската планинарска тура „Небојани 2026“

Околу стотина планинари, рекреативци и вљубеници во природата беа дел од вчерашната зимската планинарска тура „Небојани 2026“ што ја организираше Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ , при што учесниците пешачеа по падините на Осоговските Планини. Планинарењето почна од местото Крушка, м.в „Ајдар“ на Бела Река, продолжи кон маалото Пустак, Кацарица, Средна Маала кон Праиште,

ЧЕСТНИОТ КРСТ ВО РАЦЕТЕ НА 32 ГОДИШНИОТ МАРЈАН ЗАОВ

32-годишниот Mарјан Заов од Кочани успеа меѓу 50-те пријавени момчиња прв да стигне до крстот во водите на кочанска река, по повод празникот Богојавление-Водици. Најсреќниот Заов ќе ги посети сите семејства во градот, кои ќе го даруваат крстот со пари за здравје и среќа. Тој пред присутните кај мостот во Паркот на Револуцијата  ја даде

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите